| четврток, 6 декември 2018 |

Ваквиот тип на женско тело најмногу ги привлекува мажите

Британски „Daily Mail” направил мало истражување за тоа какво женско тело мажите најмногу сакаат.

Со експанзијата на „плус сајз“ моделите, постојано се води полемика околу тоа каква форма на телото најмногу ги привлекува мажите, дали се тоа слабите жени, атлетски градените дами или жените со облини?

%d0%bc%d0%b0%d0%b7%d0%b8

Пронашле три дами со различен тип на градба, едната била со облини, другата била слаба, а третата била атлетски градена. Сите три во исто време застанале пред групата мажи.

Мажите носеле детектори за поглед, кои регистрирале на која дама најмногу им се задржува вниманието. Сите три жени на себе носеле маички со прерамки и кратки тексас шорцеви.

%d0%bc%d0%b0%d0%b7%d0%b82

Резултатите биле следни: дури 36 отсто од машкото внимание го привлекла дамата со облини. Нешто помалку од 35 отсто привлекла девојката која била атлетски градена, а само 29 отсто, т.е. најмалку внимание привлекла слабата жена.

Ова дефинитивно е доказ дека слабите жени повеќе не се најпосакувани на што веројатно можеме да и` ја заблагодариме експанзијата на „плус сајз“ модели во модната индустрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top