| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Анте Готовина назначен за советник за државна безбедност

ante-gotovina

Поранешниот хрватски генерал Анте Готовина, кој беше ослободен од Хашкиот трибунал, денеска е именуван за посебен советник на потпретседателот на Владата и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, кој ќе работи на системот за државна безбедност и за ова задолжение нема да добива паричен надомест.

Решението за назначувањето на Готовина го потпиша премиерот Андреј Пленковиќ, пред денешната седница на Владата, по предлог на министерот Крстичевиќ.

Готовина, како што пишува „Вечерњи лист“, ќе работи на системот за државна безбедност, кој го развива Крстичевиќ, но ќе биде ангажиран по потреба и за другите прашања поврзани со безбедноста. Според правилата за вработување во Владата, Готовина има право на надомест за функцијата, но тој, како што се наведува, инсистирал оваа работа да ја извршува без финансиски надомест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top