| четврток, 6 декември 2018 |

Хофенхајм призна: Фирмињо го откривме на „Фудбал Менаџер“

maxresdefault

По пристигнувањето на Фирмињо во Ливерпул, бразилецот брзо стана еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата. Но, кој знае како би се одвивала неговата кариера доколку скаутот на Хофенхјам, кој од Фигуеренсе во 2011 година за него плати 4 милиони евра, во слободно време не ја играл популарната компјутерска игра „Фудбал Менаџер“.

– Јас и мојот колега сме страсни играчи на оваа игра и морам да признам дека случајно го откривме Фирмино. Беше убиствен во бразилскиот тим и решивме да го скаутираме и на крај го доведовме во Германија. Имаше многу скептици, бидејќи за играч од втора лига плативме толкава сума на пари, но мислам дека на крај направивме одлична работа“, изјави Луц Пфаненштил, скаутот кој го доведе Фирмињо во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top