| четврток, 6 декември 2018 |

Со средства од Европската унија, заврши обновата на патот во општина Конче

Заврши санацијата на патот во општина Конче, кој беше оштетен од минатогодишните поплави. Обновата на патот во должина од 6,5 километри, кој ги поврзува селата Долно Липовиќ, Горно Липовиќ и Ракитец со општината, чинеше околу 188.000 евра, целосно обезбедени во рамките на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите.

-Секојдневното поминување по патот, особено во месеците што изобилуваат со дождови претставуваше голем проблем и голема опасност за жителите. Задоволни сме што градежните работи завршија во предвидениот рок, кој, за наша среќа, се совпаѓа со периодот пред почеток на есенските поројни дождови. Конкретно, овој пат претходно не беше реконструиран речиси 50 години. Досега немаше никаква интервенција за негово проширување или посериозна санација – вели градоначалникот Благој Јованов.

konce1

Проектот за реконструкција на патиштата во Конче е еден од осумте проекти финансирани со средства од Европската унија во рамки на неколку милионската Програма на ЕУ за санација на штетите од поплавите што се случија во 2015 година.

Сите проекти ги спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и локалните самоуправи на засегнатите општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top