Според народното верување, од 16 ноември се до 24 ноември временските прилики ќе покажат каква ќе биде претстојната зима. Имано, ако деновите бидат магливи, зимата ќе биде променлива и маглива, а ако биде ведро, зимата ќе биде остра и со доста мраз.
Во овој период од годината 16-24 ништо не се дава од куќата, не се преде волна и ништо не се пере. Кројачите и чевларите одмораат, а жените не работат рачни работи. Обичај е во овие денови да се заколе црно пиле или млад црн петел. Се колеше молчејќи, во рана зора, на куќниот праг. Претходно на пилето или на петелот клунот му се врзува со црн конец за да не писка и да нема никаков глас. Отсечената глава од пиле се врзувала со црвен конец за клин и со неа се баело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати