| четврток, 6 декември 2018 |

Емигранти дивееле на грчкиот остров Хиос

Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу емигрантите, кои потоа предизвикувале инциденти и низ градот.

Емигранти и бегалци, главно од Африка, запалиле шатори, а локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од кампот бил уништен. Тие кршеле шофершајбни на автомобили и излози.

incident-1

Како што јави допсиникот на МИА од Атина, по интервенција на полицијата, упасени се засега непознат број на мигранти и бегалци.

Според ЕРТ, синоќа во 23 часот група емигранти и бегалци влегле во продавница и украле голем број петарди и огномет и ги палеле низ градот и во близина на куќи. Тие, исто така, фрлале камења врз автомобили во движење. Полицијата ја блокирала областа и употребила солзавец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top