Во некои случаи текстот и гласот едноставно не се доволни, бидејќи ништо не може да замени кога ги гледате првите чекори на вашиот внук или лицето на вашето дете кое студира во странство, објави на својот службениот блог апликацијата Ватсап, најавувајќи ја новата опција која многу корисници веќе некое време ја бараат.
Се работи за опција на видео повик, односо видео чет, која во текот на идната недела ќе стане достапна за милијарди корисници на оваа апликација, како обид на Ватсап за подобро поврзување на луѓето.
Со оваа опција, Ватсап, чиј сопственик е „Фејсбук“, тргнува на пазарот на кој веќе се достапни бројни слични производи како Скајп и Фејс Тајм на „Епл“. Поради огромната корисничка база на Ватсап, со повеќе од една милијарда активни корисници, се очекува во краток рок оваа апликација да заземе голем дел од пазарот.
Ватсап соопшти и дека во изминатиов период добиле многу барања од корисниците за овозможување на видео повик, по што решиле да ги исполнат овие желби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст