Во рамките на проектот за изработка на студии за востоставување интегриран систем за управување отпад на источниот и на североисточниот плански регион, предложена е една заедничка локација каде што ќе се гради регионалната депонија, а според анализите, како најповолна локација е избрана Мечкуевци-Арбашанци во општина Свети Николе.
Според Живка Михајлова, раководител на стручната служба на меѓуопштински одбор за управување отпад, предложени се и осум претоварни станици во двата региони, кои вчера биле прифатени од градоначалниците на ИПР со извесни забелешки кои се однесуваат на дополнителни разработки на локациите, но градоначалниците побарале и интензивирање на процесот.
– Во рамките на проектот за изработка на студии за воспоставување интегриран систем за управување со отпад Источниот и Североисточниот регион одлучија да одат со заедничка централна регионална депонија. За таа цел се предвидени 8 претоварни станици кои ќе служат отпадот со помали возила да се носи до претоварните станици, а потоа со големи возила до централната. Прва и основа цел е да се подобри животната средина, а овие претоварни станици ќе се одберат на локации, каде што нема да има негативни влијанија – рече Михајлова.
Таа додаде дека ќе се преземат мерки за елиминирање на негативните влијанија.
– Освен претоварање на отпадот ќе се изградат и зелени места за псоебните отпади, како отпдот од батерии, акумулатор…, а ќе се прави и компоститање на отпадот, бидејќи овој отпад не смее да се носи во регионалната депонија. Пресуден момент е финансискиот за да не се носи на големи релации. Според предлогот, претоварни станици ќе има во Берово, Македонска Каменица, Кочани, Штип, Ранковце, Пробиштип, Куманово и Свети Николе, при што се водеше сметка растојанието од централната депонија да не биде поголемо од 50 км – истакна Михајлова.
Општините процесот за интегрирано управување со отпад поддржан од ЕУ со 35 милиони евра го почнаа од 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.