Само десет дена по свеченото отворање на новиот автопат Љиг – Прелина, на контроверзниот Коридор 11 во Србија, украдени се околу 2.000 метри од заштитната ограда поставена покрај патот, како и 20 шахти, соопшти Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Министерството апелираше до граѓаните да не ја сечат и да не ја крадат заштитната ограда бидејќи така се загрозува безбедноста на сите патници и учесници во сообраќајот.
Прва жртва од кражбата е млада срна, која претрчала на автопатот и врз која налетало поголемо возило. „Блиц“ објави вознемирувачки фотографии од срната, со цел да прати порака дека денеска можеби е едно невино животно, но утре тоа може да биде дете.
СЛЕДУВААТ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.