| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно: По Трамп Двејн Џонсон сака да биде претседател на САД!

Знаевме дека ова ќе се случи уште кога Арнолд Шварценегер стана гувернер на Калифорнија!

Па уште кога Доналд Трамп стана претседател? Сега сите славни актери и пејачи сакаат да бидат политичари! Најновата ваква аспирација ја искажа Двејн “Карпата” Џонсон, кој прво мислевме дека се шегува, но изгледа дека е сериозен.

Двејн неодамна беше прогласен за најсекси маж на планетата од страна на магазинот Пипл, и за најдобро платен актер од страна на Форбс. Тоа што почна како шега од негова страна дека сака да биде “првиот најсекси претседател на планетата”, набрзо се претвори во реална опција за Двејн.

-Можам ли да направам разлика? Можам ли да се опкружам себеси со брилијантни луѓе кои ќе ми помагаат да носам одлуки? Дали ја сакам земјава? Да!, рече Двејн и порача дека истиве прашања планира да ги одговори во иднина во некое политичко интервју.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top