Американскиот претседател Барак Обама им го додели највисокото граѓанско одликување во САД, Медалот на слободата, на 21 лице, меѓу кои и на Брус Спрингстин, Роберт Редфорд, Бил и Мелинда Гејтс и Мајкл Џордан, соопшти Белата куќа.
– Претседателскиот медал на слободата е не само највисокото граѓанско одличје на нацијата, туку и знак на почит кон мислата дека секој од нас, независно од потеклото, има можност да ја промени оваа земја кон подобро. Научници, филантропи, чиновници, активисти, спортисти и уметници… овие 21 личност помогнаа во напредокот на Америка инспирирајќи милиони луѓе во светот – нагласи Обама.
Одликувањата, од кои некои се доделени постхумно, ќе бидат врачени во Белата куќа на 22 ноември.
Меѓу лауреатите се и пејачите Дајана Рос и Брус Спрингстин, глумците Роберт Редфорд, Том Хенкс и Роберт де Ниро, поранешните кошаркари Мајкл Џордан и Карим Абдул-Џабар, архитектот Френк Гери, телевизиската водителка Елен Де Џенерис, како и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда.
Натаму, добитници на почесни медали се и физичарот Ричард Гарвин, математичарките Маргарет Хамилтон (која го создала софтверот за „слетувањe на Месечината“ и за мисиите „Аполо” на НАСА) и Грејс Хопер (пионер на информатиката во 40-тите години од минатиот век.
Режисерот Лорн Мајклс, креаторот на ноќната програма „Сатрдеј најт лајв”, исто така, е меѓу наградените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст