Минатиот месец кај 16-годишно момче од Скопје медицински е потврдена голема или магарешка кашлица. Бил хоспитализиран во „ГОБ 8-ми септември“, а според епидемиолошкиот статус е вакциниран против оваа опасна заразна болест.
Во септември и октомври биле евидентирани и 11 случаи на заразни заушки. Дел од нив биле имунизирани, а дел не ја примиле задолжителната вакцина. Враќањето на болестите кои се искоренети со децении и се погласните антивакцинални кампањи ги загрижува педијатрите. Велат се повеќе ќе опаѓа колективниот имунитет, а со тоа ќе заболуваат и оние кои редовно примале вакцини.
-Загрижуваат овие податоци бидејќи сме сведоци дека се враќаат болести што ги немало. А кога доаѓа до опаѓање на колективниот имунитет тоа не е добро. Не треба толку отпор кај родителите – вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести.
Софијанова вели дека јавноста не е ни свесна што може да се случи ако продолжи овој негативен тренд. Особено што заушките и голема кашлица можат да предизвикаат сериозни компликации со дојготрајни последици.
-Стерилитет кај машките од заушки, пневмонија, менингитис а понекогаш и фатален крај од голема кашлица. А тоа се сериозни компликации – вели Софијанова.
Пред седум години во Македонија имаше епидемија на заушки со над 4000 заболени. Најголем број беа родени 92/93 кога имало недостиг од вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…
-
Седум болести кои ги пренесуваат комарците
-
Болестите доаѓаат кога душата не е во склад со телото: Дијабетес-кога сте осамени, настинка-кога не можете да плачете…
-
Од стрес ти е ова, од стрес ти е она: Може ли да се добие рак од стрес?