| четврток, 6 декември 2018 |

Писмо до сите родители: Ова треба да се запомни за цел живот!

Директор на едно основно училишта во Сингапур испрати писмо до родителите, со кое предизвика реакции на социјалните мрежи.

Неговото обраќање го пренесуваме во целост:

Почитувани родители,

Испитите на вашите деца почнуваат наскоро. Знам дека сте многу оптоварени се да помине како што треба.

Но, ве молам, запомнете го следното:

Меѓу тие ученици седи еден уметник, кој нема потреба да ја разбира математика.

Таму има и еден претприемач, кого не го интересира историјата на англискиот јазик.

Таму е и еден музичар, кому не му е грижа за оценките по хемија.

Доколку вашето дете добие добри оценки, тоа е убаво. Доколку, пак, не добива, ве молам не ја загрозувајте неговата самодоверба и достоинство.

На детето кажете му дека го сакате и дека нема да го осудувате, без оглед на неговиот успех во училиштето.

Ве молам, постапете така, а потоа следете го вашето дете како го освојува светот.

Еден тест или ниска оценка нема да ги одземат неговите соништа и таленти.

Уште ова ве молам, немојте да мислите дека докторите и адвокатите се единствени среќни луѓе во светот.

Искрени поздрави,

Директор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top