Во Македонија од 2009 година се применува европската регулатива со кои е воведено повисоко ниво на заштита на правата на патниците, кои од различни причини останале заглавени на некој од нашите или европските аеродроми.
Откажан лет, одбиен влез поради пребукираност, изгубен багаж, целодневно чекање на аеродром, за овие и други непријатни ситуации при патување со авион, патниците можат да добијат парично обесштетување од 125 до 600 евра од авиокомпанијата, во зависност од доцнењето и далечината на летот.
Според Законот за облигационите и стварно правните односи во воздушниот сообраќај, во случај на одложен или задоцнет лет повеќе од два часа, авиокомпанијата е должна на патникот да му обезбеди храна и пијалаци, ноќевање, како и телефон за да го извести семејството. Законот предвидува дека ако некој лет е одложен повеќе од пет часа, патникот може да побара да му се вратат сите пари што ги дал за билетот ако одлучи да не го продолжи патувањето или да добие нов билет за да стигне до крајната цел преку друга дестинација во рок од 24 часа. Во таков случај, ако одложувањето на летот е преку ноќ, патниците имаат право од авиокомпанијата да добијат хотелско сместување и трансфер до хотелот.
– Kај нас се применува регулативата на Европската Унија во поглед на заштита на правата на патниците во случај на забранет влез на патниците во воздухоплов, откажување или големо доцнење на нивните летови. Сите авиокомпании се должни и ги почитуваат овие законски одредби, но на патниците што купуваат билети од нискотарифни превозници им препорачувам внимателно да ги прочитаат општите услови за патување зашто во нив може да има ограничувачки одредби. Има разлика само и во модалитетите како се исполнуваат овие одредби. Некои авиокомпании, на пример, отштетата им ја исплаќаат одеднаш и во готови пари на патниците, други сумата ја префрлаат на кредитна картичка отворена само за оваа намена, а некои даваат ваучери во висина на сумата што може да се искористат за да се купи билет за некој друг лет на авиокомпанијата – вели Дарко Филиповски, претседател на Здружението на редовни авиопревозници во Македонија за Дневник.
Исклучок од овие правила има само ако патникот бил известен за откажувањето две недели пред летот, бил пренасочен на првиот следен лет до крајната дестинација или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето било предизвикано од вонредни околности, кои не може да ги предвиди.
Авиопатниците можат да побараат отштета од 250 евра за летови на релации до 1.500 километри, 350 евра за релации до 3.500 километри и 600 евра за релации подалечни од 3.500 километри, односно за пропуштен прекуокеански лет.
Авионските патници што сметаат дека им се нарушени правата, најпрво треба да поднесат жалба до авиокомпанијата, а ако не добијат одговор во рок од шест недели или не се задоволни од него, треба да поднесат нова жалба, овој пат до воздухопловниот регулатор, а кај нас тоа е Агенцијата за цивилно воздухопловство, по пошта или преку формулар поставен на нивната интернет-страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст