| четврток, 6 декември 2018 |

Мерима Његомир уапсена во Њујорк – забранет влез во САД три години

Мерима Његомир, славната пејачка и музичката уредничка на РТС е приведена во Њујорк и 24 часа потоа е депортирана во Србија. Имено, Мерима летоска на полициајата на аеродромот и рекла дека дошла на одмор, а не да работи, но тие утврдиле дека не ја зборува вистината, па ја привеле, па потоа преку Франција е вратиле дома.

Пејачката се обидела да влезе во Америка со туристичка виза, иако таму дошла поради закажаната турнеја.

-Службениците од емиграционото извршиле со Мерима вообичаениот разговор. Таа тврдела дека дошла на одмор. НИкакви настапи не спомнувала. Некако им делувала сомнително, па ја провериле и утврдиле дека не ја зборува вистината и дека нема да се однесува во склад со визата којашто ја има. Дури успеале да најдат и постер којшто го најавува еден од нејзините настапи. Тогаш ја спровеле во притвор, и ја одземале визата и и го забраниле влегувањето во Америка во наредните три години – рекол извор за српски „Курир“.

Тој додал и дека Мерима е под полициска придружба од Америка депортирана во Франција, па оттаму во Србија.

– Беше очајна. Побрзо се врати отколку што отиде. Некои потоа и рекоа дека се би било во ред доколку рекла дека пее бесплатно – завршува изворот.

Мерима не одговорала на пораките упатени од редакцијата, а нејзиниот поранешен партнер, со кого до неодамна била во врска рекол:

– Зошто мене ми се јавувате по тој повод? Јавете и се на Мерима, таа нека ви објасни, бидејќи јас тоа нема да го коментирам. Мене навистина ми е жал што сето тоа и се случи, бидејќи таа не заслужи да поминува низ такво нешто. Ве мола, немојте да ме прашувате ништо повеќе што има врска со неа – рекол тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top