Денеска во Скопје се одржува стручен форум на тема „Сеизмичка отпорност на градбите“.
Општа констатација е дека во Македонија се гради квалитетно. Особено по земјотресот се посветува поголемо внимание на вградените материјали како и на сигурноста на конструкцијата. Според Законот за градење особено се внимава на објектите поголеми од 300 квадратни метри каде што се врши повеќекратна контрола во текот на изградбата.
Денеска во Скопје се одржува стручен форум на тема „Сеизмичка отпорност на градбите“. Директорот на ИЗИИС Михаил Гаревски оценува дека сите нови градби во државава би требало многу лесно да издржат земјотрес како во 1963 година во Скопје, што и се покажало при неодамнешните земјотреси кога, како што изјави, имаше козметички оштетувања.
Дарко Мославац, декан на Градежниот факултет во Скопје, смета дека за успешно асеизмичко проектирање на конструкциите, важно е и познавањето на геолошките карактеристики на почвата. Препорачува да се спроведуваат долгорочни хидрогеолошки мониторинзи на подземните води, да се зајакне и да се прошири геодетскиот мониторинг на постојните свлечишта. Со тоа би можеле да се формираат карти на носивост на тлото и на микросеизмичко реамирање, кои се важни за сеизмички стабилни и сигурни објекти.
Извршниот директор на Цементарница УСЈЕ, Борис Хрисафов посочи дека цементот учествува со помалку од три проценти во цената на станбено деловен објект. Не вреди да се ризикува со вградување материјали со помала цена, а со понизок квалитет бидејќи сите внатрешни елементи може да се заменат, но штедењето во конструкцијата може да има катастрофални последици, изјави Хрисафов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст