Српската полиција открила огромна количина оружје и експлозив на подрачјето на Апатин и Сомбор, соопшти министерот за полиција Небојша Стефановиќ. Во акцијата на полицијата разбиена е и група која продавала, дистрибуирала и користила различно оружје. Притоа уапсени се десет лица.
Стефановиќ соопшти и дека се уапсени организаторите на групата, а притоа наведува дека се најдени девет килограми пластичен експлозив, 20.7 килограми ТНТ експлозив, неколку десетици електрични детонатори, 111 рачни бомби, 12 рачни противтенковски бомби, две зољи, 10 тромблонски мини, 8 автоматски пушки, две полуавтоматски пушки, еден пушкомитралез, шест пиштоли, два карабина, една малокалибарска пушка, 6.000 парчиња муниција, една противтенковска мина и друг пропратен прибор.
- Станува збор за огромна количина оружје кое го продавала оваа група, изјави министерот Стефановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст