Судовите се редовна цел на притисок и омаловажување од членовите на СДСМ, А поведени од нивниот лидер Зоран Заев кој вели дека не го почитува Судот, по сквернавењето на објектот на судот, сега физичкото насилство СДСМ го внесе и во судската зграда.
Имено, пред канцеларијата на претседателот на Основниот суд Скопје 1, околу пладне, поточно во 12,30 часот, Горан С. раководител на човечки ресурси во судот, ја малтретирал и сериозно и се заканувал на Паула Костадиновска, советник и портпарол за односи со јавност во истиот суд. Како причина за малтретирањето и заканите се наведува претходно меѓусебно нетрпение.
Дел од медиумите повикувајќи се на извори од судот посочуваат дека на инцидентот му претходела нервозна и тензична дискусија во врска со напади од вработените кон претседателот на судот Владимир Панчевски. Како се пренесува, вработената „на висок тон побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон неа.“
Според соопштение од судот, Горан С. прво вербално и се заканил на Паула Костадиновска, а потоа ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата. Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР. Поднесена е кривична пријава за нападот според член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи. Во врска со настанот и од страна на судската управа ке бидат преземени соодветни мерки, се вели во соопштението од Кривичниот суд Скопје
Горан С, роден 1977 од Скопје, е лице кое е блиско до раководството на СДСМ. Тој е чест учесник на протестите организирани од опозицијата, каде пак, секогаш е во близина на лица од раководството.
Меѓу другото, тој е и близок со судијата Иван Џолев, истиот судија кој што поднесе тужба против претседателот на Кривичниот суд Панчевски за наводно незаконито дејствие, дело кое се слулчило пред две години.
Насилството кое СДСМ го демонстрираше пред судовите сега се преселува внатре откако Заев најави дека „Ќе ја растресеме Македонија од главечки наопачки, ќе го распуштиме судството и ќе има реизбор во судството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.