| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп има право да бара соработка со Русија против ИСИЛ во Сирија

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп има право да бара соработка со Русија со цел да се порази Исламска држава во Сирија, изјави специјалниот претставник на Обединети нации за Сирија, Стафан де Мистура.

Тој апелира до Трамп да инсистира на политички реформи во Сирија со цел да се спречи ИД да врбува нови поддржувачи и борци.

Мистура наведува дека потребен е целосно нов поход во битката против ИД, како и политичко решение, некаква форма на политичка децентрализација, бидејќи голем број од незадоволните граѓани би можеле да се приклучат кон џихадистичката група.

– Очекувам од САД, независно од сите политички настани, да останат фундаментален играч во напорите за решавање на кризата во Сирија- посочи Мистура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top