Бугарската Централна Изборна Комисија го прогласи Румен Радев за избран претседател на Бугарија, а Илијана Јотова за негов потпретседател.
Во вториот круг од претседателските избори, за Радев гласале 2.063.332 избирачи, додека за неговата конкурентка Цецка Цачева 1.256.485 избирачи. Од тие што гласале, никого не поддржале 155. 411 избирачи.
Во Бугарија има вкупно 6. 859.390 избирачи, а на изборите излегоа 3.540.829 гласачи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.