| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено двегодишно дете, тешко повредена и 13-годишна девојка

Две сообраќајни несреќи со двајца повредени малолетни пешаци се случиле вчера и денеска во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Според неговите податоци првата сообраќајка се случила вчера околу пладне на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово при што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици што го управувал И.С.(29) од Лавце удрило во двегодишно дете-пешак.

-Од ударот детето добило телесни повреди и со истото возило пренесено е во тетовската клиничка болница, укажана му е лекарска помош и пуштено е на домашно лекување. Се утврдува причината и се друго поврзано со оваа несреќа. рече Јосифовски.

Вториот случај бил регистриран утрово во 7 часот и 20 минути на улицата 151 исто така во Тетово. Автомобил Рено Меган управуван од Р.Б.(67) од тетовско Ново село удрил во 13 годишно девојче од Тетово кое се здобило со телесни повреди. Тоа било пренесено во тетовската клиничка болница каде по укажаната помош било задржано за лекување. Според првичните податоци од увидот на местото причина за сообраќајката била неприлагодена брзина.

Поради зголемениот број сообраќајни несреќи што во полошко се случија во последниот период денеска во Тетово и Гостивар полицијата спроведе акциска контрола за однесувањето на пешаците во сообраќајот односно како и колку тие ги почитуваат сообраќајните правила и прописи посочи Јосифовски. Според неговите информации контролните активности се реализирале во централните градски подрачја особено на кртосниците со најголема фреквенцијата од возила и пешаци.

-Целта на овие активности е да се откријат и отстранат евентуалните прекршоци што ги чинат пешаците и соодветно да се заокружат со поднесоци, предупредување или повикување на таканаречена сообраќајна поука односно да се придонесе за поголема свест и култура на оваа категорија учесници во сообраќајот рече Јосифовски.

Фото: архива

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top