| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид ќе добие современа автобуска станица

По правосилно одобрение за градба на автобуски терминал издадено пред неколку дена почна изградбата на автобуската станица во Охрид. Во согласност со одредбите од договорот и одобрението за градба рокот за изградба на автобуската станица е четири години, за кој период Охрид конечно ќе добие современа автобуска станица, достојна за еден туристички центар.

Покрај автобуска станица, старото градско јадро се разубавува со уште еден плоштад. Покрај постојните 5 кои се изградија во различни делови од градот, градоначалникот Никола Бакрачески најави изградба на уште еден простор со кој ќе се разубави уште едно напуштено место во градот и тоа во централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top