| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешен Воислав Зафировски од Комисијата за спречување на корупцијата

Собранието на Република Македонија попладнево го разреши Воислав Зафировски од Државната комисија за спречување на корупцијата, по иницијатива на комисијата.

Во иницијативата се наведува дека Зафировски, во периодот кога бил претседател на Антикорупциска, ги пречекорил границите на служебното овластување со што се создале услови за негова лична одговорност.

За оставките на Благоја Гешоски и Јанаќе Витановски, членови на Комисијата за верификација на факти, не се гласаше бидејќи во салата не беа присутни две третини од пратениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top