Синоќа европската шаховска титула пристигна во Скопје, а првиот човек на компанијата Алкалоид вети дека клубот и во иднина ќе инвестира во младите шаховски школи низ државата. Како и во претходните две децении ШК Алкалоид и во иднина ќе го надоградува проектот за развој на домашниот шах.
– Да бидам искрен шахистите пријатно ме изненадија уште оваа година, бидејќи ние имавме еден циклус од пет години во кој требаше да бидеме европски прваци. Ние сме тоа што сме, навистина ми е задоволство. Можам да ветам дека компанијата и понатаму ќе стои зад шаховскиот клуб Алкалоид. Не само за настап на сениорскиот тим на интеранционално ниво, туку ќе инвестираме во нашите млади школи низ цела Македонија, со уште поголема енергија, со уште поголем интензитет, едностнавно дополнително да направиме популаризација на шахот – изјави Мукаетов.
Во саботата во Нови Сад, ШК Алкалоид стигна до европската клупска титула по серија на обиди во кои секогаш беше околу врвот, но никогаш на самиот врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо