| четврток, 6 декември 2018 |

Како се препознава: Штандовите полни со токсичен мед од Кина и Аргентина

Иако Хрватска со години има суфицит од домашен мед, во оваа земја секоја година се увезуваат и по неколку стотини тони мед. А бидејќи кинескиот може да се набави за 1,30 евра, јасно е од каде доаѓа најголемиот увоз. Потоа продавачите ги мешаат домашниот и кинескиот мед, некогаш дури и во однос 9:1, а потоа теглата од 900 грама ваков мед, мешавина со кинески или аргентински, ја продаваат по цена 60-80 куни (480-640 денари). Купувачот секако не може да го види тоа, бидејќи на декларацијата начесто пишува потекло ЕУ или трети земји.

ulje-od-lavande

Пчеларите предупредуваат дека прв знак дека нешто не е во ред ако видат на полиците во продавниците мед од чудни билки, на пример од лаванда. Тоа може да биде производ на база на етерични масла или меласа, зашто мед од права лаванда нема.Пчеларите предупредуваат дека евтиниот мед е на граница на токсичност, а таков се продава и во БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top