Доналд Трамп ја разгледува можноста за министер за енергетика да го постави нафтениот милијардер Херолд Хем или Кевин Крејмер од републиканскиот конгресмен од Северна Дакота.
Повикувајќи се на документи за транзицискиот период, АП додава дека на таа функција би можел да дојде и претприемачот Роберт Грејди, кој работел во администрацијата на Џорџ Буш.
Грејди исто така е можен избор и за шеф на Министерството за внатрешни работи.
Трамп го избрал Рајнс Прибус за шеф на персоналот на Белата куќа, додека Стивен Бенон ќе биде претседателски главен стратег и висок советник.
Трамп истакнал дека „Стив и Рајнс се исклучително квалификувани лидери кои добро работеле во кампањата и доведоа до исторсика победа. Сега, двајцата ќе бидат со мене во Белата куќа додека работиме на тоа Америка повторно да стане голема“.
Прибус е актуелен претседател на Репубиканскиот национален комитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.