| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните се штитат од грип: Вакцините се при крај

За две недели над 20 000 граѓани примиле вакцини против грип, од кои повеќе од половината се постари од 64 години. Досега нема вакцинирани бремени жени, а има 4 мали деца со слаб имунитет. Од вирусот се заштитиле и над 400 здравствени работници

Трета година по ред, вакцините против грип за болни со цистична фиброза се бесплатни. Надлежните го доставиле списокот со пациенти до сите центри за јавно здравје. Лекарите велат за овие лица е неопходно да бидат имунизирани бидејќи поради болеста често се на удар од вирусни и бактериски инфекции.

За две недели над 20 000 граѓани примиле вакцини против грип, од кои повеќе од половината се постари од 64 години. Досега нема вакцинирани бремени жени, а има 4 мали деца со слаб имунитет. Од вирусот се заштитиле и над 400 здравствени работници.
Во меѓувреме расте и бројот на заболени. Во Институтот за јавно здравје регистрирале 260 со симптоми на грип. Пикот го очекуваат по новогодишните празници.
-Овој период на Инфективна немаме голем број на заболени, ниту пак тешки случаи. Но сезоната трае до мај и ние постојано ја следиме состојбата. Засега немаме и лабораториска потврда кој вирус циркулира кај нас иако имаме софистициран и забрзан систем на следење – вели проф. д-р Звонко Миленковиќ, директор на Клиника за Инфективни болести.
Оваа сезона најмногу заболени со грип има во Тетово. Иако состојбата не е алармантна, епидемиолозите препорачуваат зголемување на санитарните и хигиенските услови во градинките и училиштата преку дезинфекција на работните површини и проветрување на просториите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top