| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е Свети Козма и Дамјан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 ноември.

Денеска е Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Овие господови лекари наречени и sвети бесребреници имаат два празника, на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат тие светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лекуваат од секакви болести. Тоа го правеле пред сè со силата на светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат тие што ги повикуваат во молитвите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top