Тајната лежи во добра комуникација и многу секс, вели актерот Патрик Демпси (50), кој е познат како секси докторот Шепард од серијата “Вовед во анатомија”.
Пред две години, неговата сопруга, Џилиан Финк (47) поднесе барање за развод. Во моментот, не беше јасно зошто, но се шпекулираше дека тие поминуваат многу време заедно, па така тие сега се смириле.
Во брак се 17 години и имаат три деца, ќерката Талула (14) и близнаците Дарби и Саливан (9).
-Не бев подготвен да се откажам од нашиот брак. Се чувствував како да не се трудиме доволно. И двајцата сакавме да се потрудиме. Така започна се. Јас не бев подготвен да се откажам од неа, таа не беше подготвена да се откаже од мене. И двајцата се залагавме да го спасиме нашиот брак, и двајцата сакавме да се бориме. изјави Демпси.
За нивното помирување се шпекулираше уште пред два месеци, а нивните пријатели за медиумите открија дека парот сака да има повеќе деца.
-Размислуваат за посвојување или дури и сурогат мајка. Тие се многу возбудени, Патрик отсекогаш сакаше да има големо семејство вели пријател на двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст