Делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева денеска положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.
На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација на Советот на Град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации на политичките партии, делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје и делегација на Црвен крст на град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст