Шахистите на Алкалоид го освоија турнирот наречен Европски клупски куп во Нови Сад, кој е најелитното клупско натпреварување во шах на Стариот континент.
Досега во историјата на своите настапи Алкалоид имал максимум од 10 бода, а овој пат со 5 победи и две нерешени стигна до 12 бода од можни 14. Сибир на второто место имаше 11, колку и Медни Всадник.
Во последното коло тие ремизираа со руската екипа Легаси Сквер Москва (3:3), а со ист резултат заврши и дуелот на Медни Всадник и Сибир, директни ривали за тронот, додека последната закана од српскиот тим Свети Николај беше неутрализирана со ремито со азербејџанскиот тим Одлар Јурду.
Сите шест меча на Алкалоид и Легаси Сквер Москва завршија со реми, додека Медни Всадник започна со водство над Сибир благодарение на победата на шестата табла на Владимир Федосеев над Сергеј Рублевски, по што Сибир мораше да игра уште поостро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо