| четврток, 6 декември 2018 |

Го умреа пред време: Фејсбук по грешка соопшти за смртта на стотици корисници, меѓу кои и Цукерберг

„Фејсбук” по грешка соопшти за смртта на стотици свои корисници, вклучувајќи го и својот шеф Марк Зукерберг, пренесе ТАСС, повикувајќи се на интернет порталот „Гизмодо” (Gizmodo).

Социјалната мрежа се извини за тоа што се случило.

„Дојде до ужасна грешка која ја поправивме“, се наведува во соопштението на „Фејсбук“.

За кратко време, во профилите на корисници на најпопуларната социјална мрежа во светот се појавија пораки испратени при смрт на соодветен човек. Меѓу жртвите се појави и основачот и претседател на „Фејсбук” Марк Цукерберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top