| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со порака до Заев: Нема да го оставам да земе воздух на терен

Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кога некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци

– Овие избори ќе бидат поразлични и по една друга работа, јас ќе бидам во 4-тата изборна единица. Едноставно, дојде време Заев откако не се кандидираше на листите во 2014-та, и откако како кандидат за премиер не дојде да се кандидира во ИЕ 1 во главниот град на државата, јас да отидам во ИЕ која тој ја избра – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната Конвенција на Коалцијата за подобра Македонија каде што се објавија листите со кандидати за пратеници.

– После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој ја избра и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на претседател на СДСМ. Да види Заев дали му проаѓаат приказните и манипулациите кои ги конструираше за мене, и да види што за него мислат луѓето не само од цела Македонија, туку и од регионот во кој тој живее – рече Груевски.

Првиот човек на владејачката партија му порача на Заев дека никој не му се плаши туку напротив, ако тој се уплаши и избега, како што бил ред да дојде ако е кандидат за премиер.

– Да се соочиме двајцата пред граѓаните во единицата, во главниот град, сега јас ќе одам онаму каде тој одбра дека за него е најдобро да бара поддршка. Така во 4-ката граѓаните освен што ќе избираат директно носители меѓу мене и него, како и во другите ИЕ ќе бираат директно и кандидати за Премиер. Нема да го оставам да земе воздух на терен, и овие избори заради неговиот пораз во 4-ката и во Струмица кој е извесно дека ќе се случи затоа што народот таму најдобро го познава, ќе биде пресуден за неговата политичка кариера. Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кога некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци – му порача Груевски на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top