Составот кој минатата година одбележа две децении постоење на музичката сцена, вели дека им годи то публиката каде и да одат ги пречекува со овации и не го кријат фактот дека гостувањата во земјата преку барата им се најдраги.
Навистина не прави многу среќни тоа што не нарекуваат македонски амбасадори за култура, песна и оро. Чест и гордост е да се носи тој епитет. Чести гости сме во Австралија и таму публиката ни е многу драга- откри Анета која уште ја нарекуваат и македонската Витни Хјустон.
Групата наскоро ќе го промовира и првиот албум на српски јазик и тоа под продукциската капа на Гранд продукција со кои неодамна потпишаа и договор.
Работиме напорно и се трудиме да успееме и надвор од нашата земја. Наскоро ќе го промовираме и првиот албумна српски јазик, и тоа благодарение на Саша Поповиќ и договорот кој го имаме потпишано со Гранд. Патот кон успехот е трнлив, тоа го знаеме и го имаме почувствувано на сопствена кожа, но со труд, љубов, посветеност и работа сите препреки можат да се срушат, во тоа сме сигурни. Јас сум му најголема поддршка на сопругот и обратно- додаде пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.