| четврток, 6 декември 2018 |

Национална Демократска Преродба и Движење БЕСА ќе коалицираат

%d0%b1%d0%b5%d1%81%d0%b0

Национална Демократска Преродба и Движење БЕСА објавија дека ќе соработуваат за време на претстојните избори како коалиција „Преродба со беса“.

-Во време кога нашата состојба како нација е деградирана до ниво кое не може ни да се измери, ‘Преродба со беса’ се тука за да ја вратат надежта дека сепак не се сите Албанци како тие кои досега беа на државните фотелји – порачаа од ова коалиција.

Во ИЕ број еден листата ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими, во двојката ќе биде Африм Гаши, генерален секретар на БЕСА, во ИЕ број пет листата ќе ја предвови Арбен Лабеништи, исто така потпретседател на Движењето БЕСА, и изборната единица број 6 ќе биде предводена од претседателот на БЕСА, Билал Касами, како број еден и претседателот на Националната Демократска Преродба, Фадил Зендели, како број 2.

-Ние сме длабоко убедени дека оваа листа и оваа претставување е најдостоинствено претставување, најсериозно и најквалитетно што го имале Албанците во Македонија. Затоа, додека во минатите избори некој се оправдаше дека избира помеѓу две зла, сега има можност да избира помеѓу доброто и злото – порачуваат од Коалицијата „Преродба со беса“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top