Популарната актерка Милена Дравиќ неодамна беше примена во една белградска болница поради нарушена здравствена состојба, а сега открива како тече нејзиното закрепнување…
Имено, ѕвездата на југословенската кинематографија успешно го помина првиот циклус во борбата со подмолната болест.
-Само три месеци откако засекогаш се раздели од сопругот Драган Николиќ, актерката мораше да се впушти во борба со силен и подмолен противник, со кого веќе еднаш се сретна и кого го победи пред 17 години- пишуваат јавните медиуми.
-Онака сум како што морам. Закрепнувањето се одвива по свој тек, бавно, но оди–изјави актерката за магазинот „Глорија“.
Милена низ здравствените проблеми поминува со поддршката од братот и од неколку блиски пријатели. Болеста и’ беше дијагностицирана во почеток на летото, а во септември отпатува во Париз, каде што и’ беше потврдена дијагнозата поставена во Белград и препорачана терапија, која и’ беше спроведена последниве недели во Земунската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.