Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеск на својот Фејсбук профил објави дека во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти.
„Министерството за образование и наука започна уште една активност во насока на унапредување на образовната инфраструктура.
Имено, преку Бирото за јавни набавки во тек е постапка за избор на компанија за реконструкција на три училишни објекти. Се работи за основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Велес, основното училиште “Маршал Тито“ во струмичко Муртино и средното училиште “Ибрахим Темо“ во Струга. Проценетата вредност на инвестицијата е 14,5 милиони денари“, објави Ристовски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“
-
Најлон наместо покрив на училиште поради политички препукувања меѓу општина Гостивар и МОН
-
Ова е играта „фрлање низ прозорец“ (видео)
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид