Веста за изборот на Доналд Трамп за престседател на САД од поголемиот дел на граѓаните беше примена лошо, а слично е и со некои од спортистите кои настапуваат надвор од земјата.
Таков е случајот и со американската фудбалерката на шведски Розенгард, Ела Масар која е дел од тимот за кој настапува и нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова. Во интервју за шведските медиуми таа открива дека не сака да се врати во САД додека Доналд Трамп е претседател на државата и дека за да остане во Шведска, решила да потпише нов четиригодишен договор со клубот кој е еден од најдобрите во земјата.
Масар, која покрај американски поседува и канадски пасош, има 30 години, а може да настапува на две позици – како бек и како крило. Во Розенгард таа пристигна во 2016 година и на 21 меч даде 13 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент