| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција „25 години независна Македонија – Што научивме за македонската економија, како понатаму?”

133429767

Конференција на тема „25 години независна Република Македонија – Што научивме за македонската економија, како понатаму?” во организација на „Перспективи 2016″ ќе се одржи денеска во Скопје.

На првата панел дискусија насловена „Какви економски политики и се потребни на Република Македонија за наредните 25 години?, како што најави во организаторот, ќе говорат гувернерот на НБРМ Димитар Богов, професорот од Правниот факултет-УКИМ Александар Стојков, како и професорите од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Никица Мојсоска Блажевска и Марјан Петрески.

На втората панел дискусија на тема „Гласот на бизнисот” ќе се обратат генералниот директор на групацијата „Фероинвест” Кочо Анѓушев, претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и Миливоје Ѓорѓевиќ од FX3X.

На третата панел дискусија насловена „Какви се перспективите за регионална економска интеграција на земјите од западниот Балкан?”, како што е најавено ќе говорат шефот на делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар, претседателот на УО на ВВ „Тиквеш” Светозар Јаневски, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, економскиот аналитичар од Србија, Татјана Јакоби и главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top