| четврток, 6 декември 2018 |

Зврлевски и официјално е новиот јавен обвинител

марко зврлевскиПратениците во Собранието на РМ го именуваа Марко Зврлевски за нов јавен обвинител на Република Македонија. За предлогот гласаа 58 пратеници, воздржани и против немаше.

Марко Зврлевски досега беше прв човек на скопското обвинителство, а функцијата јавен обвинител ќе ја извршува во следните шест години.  Дипломирал на скопскиот Правен факултет во 1985 година, а во Обвинителството на разни позиции е 23 години.

На оваа функција Зврлевски доаѓа на предлог на Владата, која исто така за него добила позитивно мислење и од Советот на јавни обвинители.

Љупчо Шврговски, досегашниот државен јавен обвинител, чиј што шестгодишен мандат завршува за една недела, како што најави нема да остане во Обвинителството и најверојатно ќе и се посвети на адвокатурата.

Кандидатурата на Зврлевски беше единствена поднесена за објавеното место. До сега во Македонија ниеден државен јавен обвинител немал два мандати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top