Американскиот претседател Барак Обама денеска имаше средба во Белата куќа со Доналд Трамп, а разговорот што го воделе 90 минути го оцени како „одличен“.
Според Обама, на состанокот биле опфатени повеќе теми од областа на надворешната и внатрешната политика.
Обама по средбата рече дека е важно „сите да се обединиме за да се соочиме со предзвиците“.
Новоизбраниот американски претседател Трамп нагласи дека разговорот траел подолго од предвиденото и оти разговарале за бројни теми.
– Разговаравме за многу ситуации од кои некои се добри, но и за потешкотии, рече Трамп во изјава за новинари. Додаде дека Обама објаснил „некои добри работи што се постигнати“.
Трамп го оквалификува Обама како „многу добар човек“ и се надева оти ќе добие совети од него.
Средбата меѓу Обама и Трамп изминала во опуштена и срдечна атмосфера сосем спротивно од изминатите месеци за време на жестоката предизборна кампања, наведуваат американски медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.