| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е најголемиот губитник од американските избори: Поради победата на Трамп ќе изгуби милијарди

%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bb%d0%be%d1%81
Само неколку часа по изборната победа на Доналд Трамп, било јасно кој би можел да биде најголем губитник на американските избори.

Падот на мексиканскиот песос и цената на акциите, најмногу ги погодиле милијардерите во Мексико, а посебно еден. Петтиот на листата најбогати луѓе во светот, Карлос Слим, од победата на Трамп потенцијално ќе изгуби 4,7 милијарди долари, најмногу од било кој милијардер во светот, јавува Forbes.

Падот на песосот вчера ја намалил нето вредноста на богатството на мексиканскиот тајкун на 49 милијарди долари, од 53,7 милијарди, колку што според “Forbes” изнесувало неговото богатство во вторникот вечерта кога пазарот бил затворен. Акциите на “America Movil”, телекомуникациската компанија во која Слим поседува 62 проценти од уделот, паднале за 9 проценти во САД и за речиси 4 проценти во Мексико. Аналитичарите кои ја следат “America Movil”, велат дека до падот дошло поради слабеењето на песосот, но и инвеститорите кои ги повлекле парите од компанијата под претпоставка дека акциите ќе продолжат да паѓаат.

Изненадната победа на Трамп влијаела на падот на мексиканската валута. Веќе во вторникот на полноќ, кога шансите за победа на Трамп изнесувале околу 80 проценти, песосот ослабел за 13 проценти и за еден долар требало да се издвојат 21 песос. Благо се опоравил во средата – 19, 8 песоси за долар. Аналитиачрите предвидуваат дека песосот би можел уште да паѓа во однос на американскиот долар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top