| четврток, 6 декември 2018 |

Честитки од Иванов до Бејли за изборот на Трамп

ivanov-bejli-sredba

Билатералните односи меѓу Македонија и САД, актуелните состојби во двете земји, како и состојбите во поширокиот регион на Југоисточна Европа беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и американскиот амбасадор Џес Бејли. На средбата Иванов го честиташе изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Македонскиот претседател изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка за надворешнополитичките цели и приоритети на Република Македонија – интеграцијата во евроатлантските структури, добрососедските односи и регионалната соработка.

Двајцата соговорници се согласија за натамошно зацврстување, збогатување и унапредување на стратегиското партнерство меѓу Република Македонија и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top