| четврток, 6 декември 2018 |

Плакнете ги забите со оваа состојка и гледајте како стануваат бели!

Талозите на забите се еднакво видливи кај мажите и кај жените, а во повеќето случаи се резултат на консумирање одредени намирници како што се слатки, кафе, како и некои нездрави навики како што е пушењето цигари. Исто така, и генетиката игра многу важна улога.

Имено, денес е многу лесно да промените сè што не ви се допаѓа кога станува збор за вашиот изглед. Многубројни препарати и зафати се сè повеќе достапни, но проблемот кој се јавува претежно е од финансиска природа. Таквите производи се исклучително скапи, но прашање е дали ќе ги дадат саканите резултати и колку се долготрајни.

Поради тоа, постојат природни начини за избелување на забите, по кои ќе се чувствувате многу подобро.

Една од алтернативите од природата е јаболковиот оцет, кој на многумина досега им дал неверојатни резултати.

Како што е познато, јаболковиот оцет е производ на ферментацијата на јаболкото и е полно со есенцијални минерали, како и здрави ензими.

Доколку ја користите за избелување на забите, оваа состојка не само што помага во отстранувањето на дамките од забите, туку ги уништува и бактериите во устата кои предизвикуваат лош здив.

Како да ја користите оваа моќна состојка?

Сè што треба да направите е да измешате половина лажица јаболков оцет со една шолја вода и секое утро да ја плакнете устата со оваа течност.

Забелешка: Бидејќи оцетот може да ја оштети забната глеѓ, задолжително мешајте го со вода и по плакнењето измијте ги забите.

Пред да почнете да користите јаболков оцет, еве што треба да знаете:

1. Пред употребата протресете го шишето во кое се наоѓа оцетот бидејќи хранливите материи обично се наоѓаат на дното.

2. Задолжително споменатата количина на оцет измешајте ја со вода пред употреба.

3. Третманот користете го еднаш дневно, доволно е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top