Заборавете на влажните марамчиња, подобро е да се мијат рацете и да се користи марамче, советува доцент д-р Катарина Ставриќ, од Центарот за семејна медицина.
Наесен и напролет нинфекциите се најчести.
– Основно е миењето раце. Со влажните марамчиња го заборавивме основното правило за превенција од ширење инфекции, а тоа е миење раце и користење марамче. Често да се проветруваат просториите каде што се престојува и секој слободен миг да се користи за прошетка на чист воздух. Заборавивме да одиме на прошетки по планини, децата ги носиме во игротеки и во трговски центри, каде што има голема концентрација на луѓе. Прошетки, здрава храна, физичка активност – тоа се начините како да го подобриме имунитетот – вели во интервју за „Република“ д-р Ставриќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.