Професорот Кристиан Фос, шеф на катедрата за Југоисточна Европа на Универзитетот „Хумболд“ од Берлин, како гостин на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА –Скопје, ќе го претстави научно-истражувачкиот проект „Центар за студии на границите во европската историја и култура“, кој претставува синтеза на повеќегодишната соработка на двата универзитети, во рамките на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Берлин (SEEFF a Berlin), што двата универзитети традиционално го организираат секоја година во почетокот на јуни. Во исто време, во присуство на поголем број претставници на институции од Македонија и Германија вклучени во европски проекти, директорот на Кинотека на Македонија г-дин Бошко Грујоски на професорот Фос ќе му предаде пет документарни филма, под наслов „Сведоци“, кои го евоцираат егзодусот на македонците за време на граѓанската војна во Грција.
Како дел од програмата на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Берлин, ќе се организира и научен симпозиум на тема „Границите во Европа и нивниот одраз во кинематографиите“, во кој ќе земат учество поголем број претставници од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
Мислеле дека е хемиски гас: Евакуиран цел Универзитет
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините