До крајот на месецов истражниот тим кој ја води новата истрага за смртта на некогашниот претседател на Македонија Борис Трајковски ќе ги испитува луѓето кои јавно изјавуваат дека имало атентат на Трајковски, вели Омер Кулиќ, шефот на истражниот тим, за весникот Глас Српске.
„Прашањето е отворено. Намерата ни е да утврдиме дали имало одредени елементи и докази кои не се испитани. Ќе разговараме со познатиот македонски адвокат Игњат Панчевски“, вели Кулиќ.
Истражниот тим веќе испита дел од инструментите кои и порано биле дел од вештачењето , но и инструменти кои и не биле дел, и веќе се покажало дека има „некои нелогичности важни за истрагата“, вели Кулиќ.
Тој вели дека истрагата ќе биде готова во договорениот рок – февруари 2014 година.
„Веќе работиме на компаративната анализа на првиот извештај за несреќата и на оној на комисијата формирана од Владата на Република Македонија. Бараме во што се разликуваат и во што се слични овие два извештаја“, вели Кулиќ.
Истрагата е отворена на барање на Македонија по добивањето на некои нови докази од страна на македонското Министерство за внатрешни работи.
Заклучокот од првиот извештај на комисијата на Босна и Херцеговина е дека авионот паднал поради „процедурална грешка на пилотите при слетувањето на мостарскиот аеродром“.
Обвинителството на БиХ тогаш не покрена никакво обвинение поради тоа што истрагата покажала дека нема елементи за каква било кривична постапка.
Македонска Влада беше незадоволна со овој извештај и формира своја комисија и седум години по несреќата дојдено било до некои нови сознанија, па е формиран нов тим од експерти.
На 26 февруари 2004 година во авионот на македонската Влада се наоѓаа претседателот на Македонија Борис Трајковски, советниците Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска и Миле Крстевски, членови на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Велиновски, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски. Авионот паднал на слетување на мостарскиот аеродром, во атарот на селото Ротимље.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст