-Поранешниот американски амбасадор во Србија и во Бугарија, Вилијам Монтгомери, не ја исклучува можноста за сериозни промени во политиката кон Балканот по избирањето на Доналд Трамп за претседател на САД.
– Навистина немам претстава каква ќе биде надворешната политика во моментот кога Трамп навистина ќе застане на чело и ќе биде во можност да реагира на случувањата во светот. Се разбира, има можност за значителни промени, особено што се однесуваат на Балканот, каде што американската политика веќе 20 години е на „автопилот“ – изјави Монтгомери за Танјуг, во одговор на прашањето може ли да се очекувааат различни односи на САД кон Србија по избирањето на Трамп за претседател.
Монтгомери забележи дека не знае кон кого ќе се обрати Трамп за совет во врска со надворешната политика и дека е возможно следно „тоа да бидат луѓе, кои не се големи почитувачи на сегашниот пристап“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.