| четврток, 6 декември 2018 |

Села ќе ги урива дивоградбите на кејот на Дрим

crn-drim-struga

Струшкиот градоначалник Зијадин Села најави дека ќе бидат урнати и отстранети сите диво изградени и поставени објекти во градот, акцијата ќе стартува од кејот на реката Црни Дрим, а за таа цел локалната самоуправа распишала тендер за избор на фирма која ќе ги урива дивите градби, информира А1 он, истакнувајќи дека за тоа добиле потврда и од Села.

Според него, откако ќе биде избрана фирмата која тоа ќе го прави, на сопствениците на објектите ќе им биде даден рок од една недела сами да го остранат тоа што е вишок или да ги урнат бесправно поставените објекти.

– Ќе биде расчистен Дримот од двете негови страни. Ако не ги тргнат објектите во рок од седум дена, тогаш ќе ја информирам полицијата која ќе ги предупреди во рок од пет дена тоа да го направат. Ако и тогаш тоа не го направат, на терен ќе почне да дејствува фирмата за уривање – изјавил Села.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top