Уште пред неколку дена разни „експерти“ започнаа да ги тoлкуваат стиховите на Нострадамус и на нивна основа заклучија дека победник на претседателските избори во САД ќе биде Доналд Трамп.
– Голем, бесрамен и смел кавгаџија. Тој ќе биде избран за гувернер на војската. Ќе биде бестрашен. Скршен мост, град кој се онесвестил од страв, запишал Нострадамус.
– Лажниот трубач, прикривајќи го лудилото, ќе го присили Бизант да ги менува своите закони. Од Египет ќе пристигне човек кој ќе ги повлече законите и ќе ги промени парите, стои во уште еден стих кој „стручњаците“ исто така го поврзуваат со победата на Доналд Трамп на претседателските избори, пишува TheGamersDrop.
Некои стихови исто така ја предвиделе борбата помеѓу Трамп и Клинтон.
– Русокоса ќе излезе да го компромитира оној со крив нос. Ќе следи судир и таа ќе го откаже, запишал Нострадамус, а Виктор Беинс, претседателот на Американското Нострадамусово друштво, тврди дека тие стихови се однесуваат на претседателската кампања на која бевме сведоци.
Нострадамус освен овој двобој, за 2016. година наводно предвидел и Трета светска војна која ќе трае 27 години и ќе се поклопи со појавувањето на „голема комета на небото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.